Плажата Неос Мармарас

Плажата Неос Мармарас не добива големо внимание, но поседува оценка "Сино знаме" и веројатно ќе ве изненади што таа претставува навистина добра плажа! Сместена јужно од градот, оваа плажа продолжува и на крајот се спојува со плажата Порто Карас.

На плажата постои добра организација со барови и ресторани кои таму поставиле лежалки и чадори за сонце. Што би можело да биде подобро од сончање на лежалки и да се потребни само неколку чекори за гиро или поголем оброк, а потоа се враќате на "работа" ... или на одморот. Постојат дури и јавни тоалети и менувачици.

Плажата претставува добра песочна плажа. Морското дно е со песок, а вода плитка. Со дрвата што го опкружуваат шеталиштето можете да добиете дури и природна сенка.

„Blue Flag“ Плажа

Легендарното сино знаме е едно од најпознатите доброволни еколошки ознаки во светот, се доделува на плажи, марини и одржливи туристички оператори. За да се квалификува за сино знаме, мора да се исполна и да се одржуваат низа на строги критериуми за заштита на околината, едукација, сигурност и пристапност.

Ноќен живот

Неос Мармарас нуди најразлични ноќни клубови, кафулиња и барови на плажа. Кога ќе падне ноќта, во градот се отвора патот до бескрајната забава кој нетреба никој да го пропушти. Ако барате локација која ќе ве задржи полни со енергија, и ќе ви го држи духот жив и во добра состојба, Неос Мармарас е правото место. Тој е примамлива покана на која никој не може да одолее.

Нуркање

Искуство кое го одзема здивот - Нуркање за оние кои сакаат тоа да го пробаат за прв пат,па се до нуркачките мајстори.